Свет

Трамп најавува нова ера на нуклеарно вооружување

Соединетите Американски Држави ќе започнат со нова фаза на тестирање на нуклеарното оружје, најави американскиот претседател Доналд Трамп преку неговата социјална платформа „Трут соушл“.

Соединетите Американски Држави ќе започнат со нова фаза на тестирање на нуклеарното оружје, најави американскиот претседател Доналд Трамп преку неговата социјална платформа „Трут соушл“. Во својата објава, тој истакна дека САД располагаат со „повеќе нуклеарно оружје од која било друга земја“ и дека најголемиот дел од модернизацијата бил спроведен за време на неговиот претходен мандат. Според него, иако „поради огромната деструктивна моќ“ не сакал да ја обнови нуклеарната програма, немал друг избор, со оглед на развојот на вооружувањето во останатите светски сили.

„Поради тестирањето на програмите од други земји, му наложив на Министерството за војна да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа. Тој процес ќе почне веднаш. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање“, напиша Трамп, без да прецизира за кои видови оружје станува збор.

Американските медиуми пренесуваат дека претседателот признал оти продолжувањето на тестирањата по триесетгодишниот мораториум претставува сериозен чекор, но одбил да го оцени како ризичен, велејќи дека сите други нуклеарни сили веќе ги обновуваат своите програми. „Се чини дека сите тие спроведуваат нуклеарни тестови. Имаме повеќе нуклеарно оружје од кој било друг. Ние не тестираме… но ако другите тестираат, мислам дека е соодветно и ние да го правиме тоа“, изјави Трамп во разговор со новинарите на авионот „Ер форс уан“.

Тој не прецизираше каде и кога ќе се изведат тестирањата, но додаде дека „имаме места за тестирање“ и дека информациите ќе бидат навремено објавени.

На прашањето дали ваквиот потег може да ја вовлече земјата во поопасна нуклеарна динамика, Трамп одговори дека ситуацијата останува под контрола. „Би сакал да видам денуклеаризација. Всушност, разговараме за тоа со Русија, а Кина би била вклучена ако направиме нешто“, рече претседателот.

Во меѓувреме, анализи на Конгресната истражувачка служба укажуваат дека спроведувањето на целосен нуклеарен тест би можело да потрае меѓу 24 и 36 месеци по издавањето на официјалната наредба.

Додека САД го разгледуваат враќањето кон активни тестирања, Русија неодамна го истакна својот нуклеарен потенцијал. На состанок со својот воен врв, рускиот претседател Владимир Путин го потврди успешното тестирање на нуклеарната ракета „Буревестник“, како и напредокот на воените проекти поврзани со подморницата „Посејдон“ и ракетниот систем „Сармат“, за кој тој истакна дека „нема друга ракета како ‘Сармат’ во светот“.

Во глобални рамки, според институтот СИПРИ, нуклеарно оружје поседуваат девет држави: САД, Русија, Кина, Обединетото Кралство, Франција, Индија, Пакистан, Северна Кореја и Израел. Иако повеќето од нив веќе со децении не спровеле реални нуклеарни тестови, развојот на носачки системи и стратешки ракети постојано продолжува.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

Златото блеска: Цената расте, инвеститорите бараат сигурност

Цената на златото продолжува да расте и се движи кон најсилната недела од почетокот на годината, бидејќи инвеститорите повторно го гледаат благородниот метал како сигурно засолниште во услови на глобална економска неизвесност.

Трамп бара да нема веќе „државјанство по раѓање“ во САД

Меѓу 20.000-25.000 мајки практикуваат „туризам за породување“ во САД секоја година. гарантиран од 14-тиот амандман на Уставот усвоен во 1868 година и општо прифатеното толкување на неговиот текс којт гарантира државјанство на речиси секој роден во САД

Топлото време урива рекорди во Европа

Бруталната топлина и континуираните услови на суша се преоптоварени од климатската криза, а експертите предупредуваат дека тие вршат огромен притисок врз локалното население, критичната инфраструктура и дивиот свет низ целиот регион.

To top