Свет

Трамп нека продолжи да сонува дека ги уништил иранските нуклеарни капацитети

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска ги отфрли изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска ги отфрли изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети.

– Претседателот на САД гордо кажува дека ја бомбардирале и уништиле иранската нуклеарна индустрија. Многу добро, продолжете да сонувате!, објави Хамнеи на платформата Икс.

Во израелскиот напад врз Иран во јуни, во кој учествуваа и САД, беа бомбардирани иранските нуклеарни објекти Натанз, Фордоу и Исфахан.

Иранското Министерство за надворешни работи пред два дена соопшти дека Техеран повеќе не е ограничен во својата нуклеарна програма, откако истече меѓународниот Сеопфатен план за нуклеарна акција (ЈЦПОА). Иран во 2015 година склучи договор со Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Русија и САД за регулирање на нуклеарната програма, во замена за намалување на меѓународните санкции против Техеран. Но, во 2018 година, за време на првиот претседателски мандат на Трамп, САД еднострано се повлекоа од договорот и воведоа нови санкции кон Иран. Како одговор, Техеран ги зголеми залихите на збогатен ураниум до 60 проценти.

Според податоците на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Иран останува единствената држава без нуклеарно оружје што збогатува ураниум до високо ниво од 60 отсто, што е блиску до потребните 90 проценти за производство на атомска бомба.

Најнови вести од: Свет

Премиерот на Канада до Трамп за преименувањето на езерото Онтарио во „Америка“: Своето име го носи 400 години пред да настанат САД!

Канадскиот премиер Марк Карни се огласи откако американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука езерото Онтарио да го преименува во „Езеро Америка“.

Најмалку 547 мртви во поплавите во Непал и Тибет

Во катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето во Непал и Тибет животот го загубија најмалку 547 лица. Повеќе од 1.400 лица сè уште се водат како исчезнати, вклучувајќи стотици странски државјани, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на непалските и кинеските власти.

To top