Свет

Трамп номиниран за Нобелова за мир

Републиканскиот конгресмен Бади Картер од Џорџија, го номинираше американскииот претседател Доналд Трамп за „спречувањето на најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“, мислејќи на нападите на САД врз трите нуклеарни објекти на Иран, пишува Форбс. Картер му пишал на Нобеловиот комитет дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ […]

Републиканскиот конгресмен Бади Картер од Џорџија, го номинираше американскииот претседател Доналд Трамп за „спречувањето на најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“, мислејќи на нападите на САД врз трите нуклеарни објекти на Иран, пишува Форбс.

Картер му пишал на Нобеловиот комитет дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран.

Трамп во вторникот, исто така, објави на својот профил на Truth Social твит од десничарскиот подкастер Чарли Кирк во кој се наведува дека тој треба да ја добие Нобеловата награда за мир.

Сенаторката Линдзи Греам, републиканка од Јужна Каролина, еден од најгласните јастреби кои се залагаат за американска интервенција во Иран, во вторникот за CNN изјави: „ако можеме да го натераме Иран да го промени своето однесување, тогаш претседателот Трамп заслужува Нобелова награда за мир за стероиди“.

Трамп очигледно ја сака наградата – тој ја споменал јавно десетици пати во текот на годините, забележа „Њујорк тајмс“, и се пожали, дури и минатата недела, дека не мисли дека ќе ја добие.

„Требаше да ја добијам четири или пет пати… нема да ми дадат Нобелова награда за мир затоа што ја даваат само на либерали“, им рече тој на новинарите во петокот (три од четирите претседатели што ја добиле Нобеловата награда за мир се демократи).

Трамп, тврдејќи дека треба да му се додели наградата, наведе неколку договори меѓу други земји за кои тврди дека посредувал, вклучувајќи го и договорот за завршување на индиско-пакистанската криза, дипломатски договор меѓу Израел и неколку арапски држави за кој САД помогнаа да се договори за време на првиот мандат на Трамп.

Тој, исто така,  изјави дека неговата администрација помогнала во посредувањето за мировен договор меѓу Руанда и Демократска Република Конго, коментирајќи: „Нема да добијам Нобелова награда за мир, без разлика што правам“.

Пакистан го предлага Трамп за Нобелова награда за мир

Најнови вести од: Свет

Трамп потпиша глобална царина од 10% откако Врховниот суд ги поништи царините како неуставни

Конгресната истражувачка служба, која обезбедува законодавни истражувања и анализи за законодавците, објасни: „Член 122 од Законот за трговија од 1974 година му наложува на претседателот да преземе мерки што може да вклучуваат привремена царина кога тоа е неопходно за справување со ‘големи и сериозни дефицити во платниот биланс на САД или одредени други ситуации што претставуваат ‘фундаментални проблеми во меѓународните плаќања’.

Рос: Разликите и внатрешниот расцеп се опасност Европа и ЕУ да бидат парализирани во донесувањето одлуки во клучни моменти!

„На европскиот индустриски собир на врвот Антверпен минатата седмица присуствуваа  стотици европски индустријалци и врвни владини претставници. На овој самит, одржан под покровителство на белгискиот премиер Барт де Вевер, повторно се пројави неколкугодишниот расцеп во ЕУ. Мислењата се поделени по централното прашање: што подразбира, всушност, европскиот стратегиски суверенитет и како може да се постигне? Разидувањата во погледите и околу тактиките на дејствување се опасност да се предизвика поделба во Европа и Европската унија, која ќе го парализира европското донесување одлуки во клучен момент.“ – предупредува Грегоар Рос, директор за програмите за Европа, Русија и Евроазија во „Чатам хаус“ – Меѓународниот институт за меѓународни односи  од Лондон, светски влијателна невладина истражувачка организација. Грегоар Рос е и геополитички аналитичар, експерт за европска политика и независен истражувач во Школата за меѓународна и јавна политика на Универзитетот Колумбија во САД.

To top