Свет

Нафтата падна за 4 отсто откако Трамп сигнализираше преговори со Иран

Сегашното нарушување на снабдувањето со нафта претставува најголем шок во последниве децении кога се мери како дел од глобалната понуда, изјави ко-раководителот на одделот за истражување на глобални стоки во „Голдман Сакс“, Даан Струјвен, во разговор со медиумите, нагласувајќи го невообичаено високото ниво на неизвесност со кое се соочуваат пазарите.

Цените на нафтата паднаа во среда откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон и Техеран „моментално се во преговори“ и посочи дека Иран е заинтересиран за постигнување мировен договор, и покрај тоа што Исламската Република негира какви било директни разговори со САД. Фјучерсите (термински договори, заб.) за сурова нафта Брент паднаа за 4,52% на 98,71 долари за барел, додека фјучерсите за сурова нафта од Западен Тексас Интермедијар, исто така, паднаа за 3,72% на 88,89 долари за барел. Зборувајќи од Овалната соба, Трамп рече дека се откажал од својата претходна закана да започне напад врз енергетската инфраструктура на Иран „врз основа на фактот дека преговараме“.

  • „Тие разговараат со нас и зборуваат разумно“, рече Трамп кога беше замолен да ја објасни промената.

Подоцна во вторник, Њујорк тајмс објави, повикувајќи се на двајца неименувани функционери, дека САД му испратиле на Иран предлог од 15 точки насочен кон завршување на војната. Според извештајот, останува нејасно колку широко бил дистрибуиран предлогот, доставен преку Пакистан, меѓу иранските функционери. Исто така, неизвесно е дали Израел, кој извршува напади врз Иран заедно со САД, ќе го поддржи планот.

Портпаролот на заедничката воена команда на Иран сигнализираше дека пазарите на нафта ќе останат нестабилни, предупредувајќи дека цените нема да се нормализираат сè додека не се обезбеди регионална стабилност под негова воена контрола, објави Ројтерс.

Сегашното нарушување на снабдувањето со нафта претставува најголем шок во последниве децении кога се мери како дел од глобалната понуда, изјави ко-раководителот на одделот за истражување на глобални стоки во „Голдман Сакс“, Даан Струјвен, во разговор со медиумите, нагласувајќи го невообичаено високото ниво на неизвесност со кое се соочуваат пазарите.

Банката забележа дека движењата на цените на краток рок се водени помалку од промените во основното сценарио, а повеќе од промените во перципираната веројатност за најлоши сценарија. Суровата нафта всушност се тргува со премија за геополитички ризик, бидејќи инвеститорите се штитат од продолжени нарушувања и критично ниски залихи, соопшти „Голдман Сакс“.

Основното сценарио на банката претпоставува дека протокот низ Ормутскиот теснец ќе се нормализира во април во период од четири недели.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: Ограничувањето за напади врз руските рафинерии веќе не важи

Тој ја критикуваше подготвеноста на Вашингтон да склучува деловни договори со Москва, како и очигледното восхитување на американскиот претседател Доналд Трамп кон рускиот претседател, пренесува „Фајненшел тајмс“

Ле Пен: Урсула Лаен ја изгуби довербата на европските влади, во прашање е нејзиниот опстанок на чело на ЕУ!

Марин Ле Пен, една од водечките личности на француската партија Национално собирање и кандидатка за претседател на Франција, изјави дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, повеќе нема доверба кај многу влади на земјите-членки на Европската унија. Според Ле Пен, со тоа се доведува во прашање политичкиот опстанок на Лаен на чело на извршната власт на ЕУ.

Најнови вести

To top