Свет

Трамп одобри егзекуција со стрелање на осуденик на смрт

Воените погубувања се разликуваат од оние што се спроведуваат на ниво на сојузните држави

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри погубување со стрелање на сторителот на масовното пукање во 2009 година во воената база Форт Худ во Тексас, во кое загинаа 13 лица.

Ова ќе биде прва егзекуција со стрелање од завршувањето на Втората светска војна.

Нидал Хасан, муслиман роден во САД со палестинско потекло, отвори оган на 5 ноември 2009 година во медицински центар во рамките на огромната база Форт Худ, со намера да ги спречи војниците да заминат во војните во Авганистан и Ирак, кои тој ги сметаше за „нелегални“.

Сметан за „осамен волк“ на Ал Каеда, тој уби 13 лица – меѓу кои 12 војници – и рани десетици други.

Поранешниот воен психијатар, кој беше ранет од огнено оружје за време на нападот, сега е делумно парализиран.

Во 2013 година, Нидал Хасан беше осуден на смрт од воен суд.

Хасан моментално е еден од четворицата затвореници кои чекаат извршување на смртна казна во рамките на воениот правосуден систем на САД.

Според военото право, за извршување на воена смртна казна е потребно одобрение од претседателот на САД.

Последното воено лице погубено во рамките на воениот систем на САД бил војникот Џон Бенет, кој бил обесен во 1961 година поради силување на 11-годишно девојче.

Во 1983 година, Воениот апелационен суд на САД ја прогласил воената смртна казна за неуставна, но таа била повторно воведена една година подоцна со извршна наредба на тогашниот претседател Роналд Реган.

Воените погубувања се разликуваат од оние што се спроведуваат на ниво на сојузните држави.

Најнови вести од: Свет

Тројца добитници ја делат Нобеловата награда за медицина

Nаучниците Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за развојот на оптогенетиката, метод што им овозможи на научниците прецизно да ја контролираат активноста на одредени нервни клетки во мозокот со помош на светлина

Холдер: Американски интерес е Македонија да се приклучи кон ЕУ

Идниот амбасадор одговори потврдно на прашањето на член на член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот за време на сослушувањето дека во американски интерес е Македонија да успее да се приклучи кон ЕУ

To top