Свет

Трамп одобри: САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за напади со ракети со долг дострел во Русија

Соединетите Американски Држави ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации

Соединетите Американски Држави ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации што ќе ѝ помогнат во лансирањето на напади со ракети долг дострел врз руската енергетска инфраструктура, објави американскиот весник „Волстрит џурнал“. Според публикацијата, Вашингтон ја разгледува можноста за снабдување на Киев со оружје што може да достигне повеќе цели на руска територија.

САД долго време разменуваат разузнавачки информации со Украина, но според „Волстрит џурнал“, новите податоци ќе им го олеснат на силите на Киев гранатирањето на рафинериите за нафта, гасоводите, нуклеарните централи и другата инфраструктура. Целта е првенствено да се лиши Кремљ од продажба и потрошувачка на гориво.

Во исто време, САД бараат од своите сојузници во НАТО да обезбедат слична помош на Украина, објавува американското издание.

Одобрувањето на новата разузнавачка помош за Украина дојде кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина е способна да ја врати територијата запленета од Русија.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top