Свет

Трамп сака средба со Ким Јонг Ун, од Северна Кореја велат дека САД се непријател

Официјален Пјонгјанг ја осуди одлуката на САД да продаде ракети на Јужна Кореја и најави силен и непосреден одговор на непријателските потези на Вашингтон

Доналд Трамп активно бара нов самит со Ким Џонг Ун, наведувајќи дека очекува да се сретне со севернокорејскиот лидер „подоцна оваа година“, потенцијално за време на ноемвриското патување во Кина за самитот на АПЕК. За да го олесни ова, Трамп нареди значително намалување на заедничките воени вежби со Јужна Кореја, наведувајќи го својот „многу добар однос“ со Ким и одбивањето на Сеул да ги поддржи американските акции против Иран.

Сепак, Северна Кореја негираше какви било планирани разговори или директна комуникација меѓу лидерите. Сестрата на Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, изјави дека „не е информирана“ за какви било тајни комуникации и потврди дека САД остануваат непријател на Пјонгјанг, и покрај тоа што призна дека личниот однос меѓу двајцата лидери останува „одличен“.

Северна Кореја ја осуди одлуката на САД да продаде ракети на Јужна Кореја и најави силен и непосреден одговор на непријателските потези на Вашингтон. Овие пораки ги пренесе севернокорејската државна агенција KCNA, според Ројтерс.

Оваа реакција од Пјонгјанг доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно го поканува севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на состанок. Трамп претходно овој месец изјави дека Ким одговорил на неговиот предлог, но аналитичарите проценуваат дека официјален Пјонгјанг не покажува голем интерес за продолжување на преговорите.

„Уште еднаш се уверивме во отворено непријателскиот став на САД кон ДНРК“, изјави портпаролот на министерството во соопштение објавено од агенцијата KCNA. ДНРК е кратенка за Демократска Народна Република Кореја, официјалното име на Северна Кореја.

Реакцијата се однесува на одлуката на американскиот Стејт департмент за можна продажба на тактички ракети воздух-воздух AIM-9X Sidewinder и сродна опрема на Јужна Кореја. Тој договор, вреден 125 милиони долари (107,25 милиони евра), Пјонгјанг го смета за нова закана за неговата безбедност.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top