Свет

Трамп со закани ги „туркаше“ преговорите САД-Иран

Во серија објави на социјалните мрежи и телевизиски интервјуа, американскиот претседател се закани дека ќе го бомбардира Иран, па дури и ќе го киднапира иранскиот преговарачки тим ако Ормускиот теснец не се отвори

 

Разговорите на високо ниво меѓу САД и Иран, што се одржуваат во Швајцарија, треба да продолжат до крајот на неделата и покрај напнатиот почеток.

Иранските преговарачи накратко го напуштија состанокот во знак на протест поради серијата закани објавени на социјалните мрежи од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, но разговорите продолжија со посредство на Катар и Пакистан.

Сето ова доаѓа откако двете страни минатата недела потпишаа меморандум за разбирање за деблокирање на Ормутскиот теснец и започнување 60-дневни разговори за цивилната нуклеарна програма на Иран.

Во серија објави на социјалните мрежи и телевизиски интервјуа, Трамп се закани дека ќе го бомбардира Иран, па дури и ќе го киднапира иранскиот преговарачки тим ако Ормутскиот теснец не се отвори.

Во 20-минутен телефонски разговор со Фокс њуз, тој рече за теснецот: „Можеби ќе го преземеме теснецот ако мораме. Ако не постигнат договор, ќе наплаќаме за премин“.

Тој, исто така, се чини дека се закани дека ќе ги киднапира иранските преговарачи, велејќи: „Затворете го и ќе останете без земја. Нема ни да се вратите во вашата ебана земја“.

Заканите го налутија иранскиот тим, кој рече дека тие претставуваат неприфатлива закана за нивната лична безбедност и го прекршиле пактот за ненапаѓање вклучен во меморандумот потпишан минатата недела. Иранските државни медиуми објавија дека разговорите влегле во „тешка фаза“ и биле прекинати по „објавувањето на навредлива порака од американскиот претседател“.

Главниот преговарач на Иран, Мохамед Багер Галибаф, ги отфрли заканите.

„Не можат ли сами да видат дека не би биле во очајот во кој се наоѓаат денес доколку нивните закани имаа некаков ефект? Воопшто не ги земаме предвид американските закани“, рече тој.

По најавите на Трамп, иранската делегација поднесе официјален протест до медијаторите, барајќи неговото „заплашување“ да се стави под контрола. Катар и Пакистан работеа зад сцената за да обезбедат продолжување на разговорите, што го направија пред да бидат завршени во раните утрински часови во понеделник. Се очекува техничките разговори да продолжат до крајот на неделата.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top