Свет

Трамп сподели фотографија од Мадуро по заробувањето во Каракас

Трамп претходно изјави дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде што ќе се соочи со федерални обвиненија за наркотероризам и поврзани кривични дела.

Американскиот претседател Доналд Трамп сподели фотографија од венецуелскиот претседател Николас Мадуро. На сликата, Мадуро е прикажан во американско притвор, облечен во сива тренерка, со лисици на рацете, темни очила и слушалки што веројатно служат за сензорна депривација, додека држи шише вода.

Трамп ја придружи фотографијата со натпис: „Nicolas Maduro on board the USS Iwo Jima“.

Оваа објава доаѓа во контекст на воената операција на САД во Венецуела утринава, кога американските сили го заробија Мадуро и неговата сопруга Цилија Флорес.

Трамп претходно изјави дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде што ќе се соочи со федерални обвиненија за наркотероризам и поврзани кривични дела.

Фотографијата е објавена кратко пред планираната прес-конференција на Трамп во Мар-а-Лаго, каде што се очекуваат дополнителни детали за операцијата и иднината на Венецуела под привремена американска контрола.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

To top