Свет

Украина го разреши министерот за правда

Герман Галушченко, кој претходно беше министер за енергетика, бил вмешан во криминална шема за вршење влијание врз стратешките државни претпријатија

Украинската влада го разреши министерот за правда Герман Галушченко, објави премиерката на земјата Јулија Свириденко, цитирана од Ројтерс.

На 10 ноември, Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) објави специјална операција против корупцијата во енергетскиот сектор. Истражителите открија дека членови на криминална организација изградиле шема за вршење влијание врз стратешките државни претпријатија, вклучувајќи го и „Енергоатом“.

Иако Свириденко не ја прецизираше точната причина за разрешувањето на Герман Галушченко, кој претходно беше министер за енергетика, вчера во Врховната рада поминал предлог со кој се предлага разрешување негово разрешување од функцијата министер за правда.

Министерството за правда потврди дека истражните дејствија во кои е вклучен Галушченко биле спроведени во рамките на кривичната постапка.

Според извор запознаен со ова прашање, гласот на Галушченко се појавува на снимка, како разговара со некои од осомничените во случајот.

Пет лица беа приведени во случајот, вклучувајќи бизнисмен кој раководел со криминална организација, поранешен советник на министерот за енергетика, извршниот директор на „Енергоатом“, одговорен за физичка заштита и безбедност, и четворица вработени.

НАБУ вршела претрес на имот на партнер на Зеленски кој избегал од Украина

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top