Свет

Украина: Руска граната падна во креветче на двегодишно дете

Проектилот од дронот пробил низ прозорецот на собата и паднал директно во креветчето каде што мирно спиело двегодишно момче

 

Проектил исфрлен од дрон паднала директно во креветче каде што спиело двегодишно дете, во последниот руски напад врз украинскиот регион Херсон.

Гранатата не експлодирала, а детето, као по некое чудо, преживеало без повреди, објави украинскиот портал Censor.NET, повикувајќи се на полицијата во Херсонската област.

Според полицијата, руската војска продолжила со нападите врз цивили во текот на ноќта. Неколку напади од различни видови на дронови за напад се регистрирани во самиот регион Херсон.

„Руската војска насочила еден од дроновите кон приватна семејна куќа во Централниот округ. Проектилот од дронот пробил низ прозорецот на собата и паднал директно во креветчето каде што мирно спиело двегодишно момче“, се вели во полициското соопштение.

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top