Свет

Украинците спремни да трампаат територија за мир

56% од Украинците сметаат дека за да се стави крај на војната, Украина треба да направи територијални отстапки кон Русија, под услов да добие реални безбедносни гаранции од САД и Европа

Според анкетата спроведена од социолошката група „Рејтинг“ (Rating), 56% од Украинците сметаат дека за да се стави крај на војната, Украина треба да направи територијални отстапки кон Русија, под услов да добие реални безбедносни гаранции од САД и Европа, пренесува УНИАН.

Уште 3% се на мислење дека Украина треба да го стори тоа под какви било услови. Во исто време, 35% од Украинците се противат на какви било територијални отстапки кон Русија. На прашањето за реалниот пат кон завршување на војната, испитаниците одговориле на следниов начин:

57% – барање компромисно решение преку преговори во кои се вклучени други земји

26% – барање компромис преку директни преговори меѓу Украина и Русија

9% – отфрлање на преговорите и продолжување на борбата до целосно ослободување на сите територии

Луѓето исто така беа прашани со која изјава повеќе се согласуваат:

50% сметаат дека мирот е поважен од каква било победа

41% сметаат дека победата е поважна од каков било мир

Уште 9% изјавиле дека им е тешко да одговорат на ова прашање

Што се однесува до општата перцепција за текот на војната, одговорите на испитаниците биле следниве:

26% сметаат дека Украина победува во војната (за споредба, оваа бројка била за 5% повисока во август)

62% сметаат дека ниту една страна не победува

Уште 6% сметаат дека предноста е на страната на Русија (оваа бројка е зголемена за 2% од август)

Истовремено, мнозинството Украинци (68%) сметаат дека конечната одлука за евентуална размена на територија за мир треба да се донесе преку референдум. Уште 17% сметаат дека тоа е одговорност на претседателот, додека 9% се убедени дека со ова прашање треба да се занимава Врховната рада. Што се однесува до посакуваното сценарио за завршување на војната, одговорите се следниве:

57% сметаат дека е неопходно да се постигне прекин на непријателствата, по што би следела потрага по компромис преку преговори.

13% се залагаат за враќање на границите во состојбата од 23 февруари 2022 година.

Уште 21% го поддржуваат враќањето на Крим и Донбас.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top