Свет

„Вашингтон пост“: „Патриотите“ не соборија ниту една од деветте балистички ракети над Украина викендот

„Патриотите“ не ги спасија. Украинската воздушна одбрана не пресретна ниту една од деветте балистички ракети во текот на викендот, пишува „Вашингтон пост“. Американскиот весник известува дека две од руските ракети биле насочени кон Киев, каде што се стационирани најмалку две единици за воздушна одбрана со американски системи „Патриот“. Балистичките ракети станаа едно од најефикасните оружја […]

„Патриотите“ не ги спасија. Украинската воздушна одбрана не пресретна ниту една од деветте балистички ракети во текот на викендот, пишува „Вашингтон пост“.

Американскиот весник известува дека две од руските ракети биле насочени кон Киев, каде што се стационирани најмалку две единици за воздушна одбрана со американски системи „Патриот“.

Балистичките ракети станаа едно од најефикасните оружја во рускиот арсенал, особено против инфраструктурата.

„Украина доживува растечки недостиг од системи за противвоздушна одбрана ‘Патриот’, но новата администрација на Белата куќа не покажа желба да ги испорача“, констатира изданието.

За оваа тема проговори и Јуриј Игнат, претставник на Командата на Украинското воено воздухопловство, во интервју за француски „Ле Монд“.

„Русите најдоа начини за да се спротивстават на ‘Патриот’. Ракетите ‘Искандер’ изведуваат маневри за избегнување во последната фаза од нивниот лет, што го спречува ‘Патриот’ да ја пресмета својата траекторија. Покрај тоа, ‘Искандер’ може да исфрли мамки што можат да ги измамат ракетите ‘Патриот’“, објасни Игнат.

Според него, системите „Патриот“ лоцирани во близина на Киев не можат да обезбедат стопроцентна заштита од балистички ракети.

Неименувани извори претходно за „Ле Монд“ изјавија дека на Украина ѝ снемало ракети за своите противвоздушни батерии САМП-T испорачани од Италија и од Франција, а повеќе од една година не добила муниција за францускиот систем за воздушна одбрана „Кротал“.

Најнови вести од: Свет

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top