Свет

Венецуела не сака да биде 51-ва сојузна држава на САД

„Венецуела „не е колонија, туку слободна земја“, изјави ВД претседателката Деси Родригес

 

Вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, им изјави на новинарите во понеделник дека нејзината земја нема планови да стане 51-ва држава на САД, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека „сериозно размислува“ за овој потег, објави АП.

„Ќе продолжиме да го браниме нашиот интегритет, нашиот суверенитет, нашата независност, нашата историја“, рече Родригез, која ја презеде власта во јануари откако воена операција на САД го собори тогашниот претседател Николас Мадуро.

Венецуела „не е колонија, туку слободна земја“, додаде таа.

Во интервју за Фокс њуз претходно во понеделник, Трамп рече дека „сериозно размислува да ја направи Венецуела 51-ва држава на САД“.

Трамп даде слични коментари за Канада.

Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, подоцна одби да коментира за плановите на Трамп. Кели рече дека претседателот е „познат по тоа што никогаш не го прифаќа статус кво“ и ја пофали Родригез за „неверојатната соработка“ со САД.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

To top