Свет

Венс: Ако Иранците вршат економски тероризам, САД нема да дозволат ни ирански бродови да поминат

По воведувањето на двојната блокада и повеќе од една недела по почетокот на двонеделното примирје договорено меѓу САД и Иран, ситуацијата се опишува како состојба без војна, но и без мир

Американската поморска блокада на иранските пристаништа стапи на сила, како што објави Доналд Трамп, откако пропаднаа разговорите со Иран во Пакистан за мировен договор.

По воведувањето на блокадата и повеќе од една недела по почетокот на двонеделното примирје договорено меѓу САД и Иран, ситуацијата се опишува како состојба без војна, но и без мир – кревко примирје.

Иранските власти јасно го искажаа својот став: од една страна, тие велат дека се решени да ја обезбедат безбедноста на теснецот, а од друга страна, дека на бродовите поврзани со нивните противници нема да им биде дозволено да поминат низ овој стратешки важен морски премин.

Амбасадорот на Иран во Обединетите нации ја осуди американската блокада на иранските пристаништа, нарекувајќи ја тешко кршење на суверенитетот.

Во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Амир Саеид Иравани изјави дека оваа нелегална блокада претставува сериозно кршење на основните принципи на меѓународното поморско право.

Во понеделник, Гутереш ги повика сите страни да ја почитуваат слободата на пловидба во Ормускиот теснец, клучен пат за глобален транспорт на нафта.

Американската војска воведе блокада на иранските пристаништа во понеделник во 10 часот наутро по источно време (14 часот по Гринич), откако мировните преговори со Иран пропаднаа во Пакистан.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, ја обвини иранската влада за економски тероризам поради блокирање на сообраќајот низ Ормускиот теснец.

Во разговор за „Фокс њуз“ со Брет Бајер, Венс рече дека претседателот Доналд Трамп покажал дека и другата страна може да ја игра таа игра.

Тој рече дека ако Иранците вршат економски тероризам, САД ќе го применат принципот дека дури и иранските бродови нема да поминат.

Венс, исто така, се осврна на преговорите со Иран за време на викендот, велејќи дека е постигнат значителен напредок.

„Топката сега е на теренот на Иран“, рече тој.

Тој додаде дека Иран мора да покаже флексибилност и да ги прифати клучните барања на САД – контрола на САД врз збогатениот ураниум на Иран и механизам за надзор за да се осигури дека Иран нема да развива нуклеарно оружје.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

To top