Свет

Венс: Папата да си ја гледа Црквата и да не се меша во американската политика

„Нека се справат со она што се случува во Католичката црква, а американскиот претседателот нека ја води американската јавна политика“, рече Венс

Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, денеска изјави дека папата Лав XIV не треба да се меша во внатрешните работи на САД, додека истовременол го бранеше американскиот претседател Доналд Трамп по неговите критики кон папата, кој порача дека не се плаши од американската администрација.

Венс, во интервју за Фокс њуз, рече дека Ватикан треба да се фокусира на морални прашања, додека американската администрација треба да води јавна политика, додавајќи дека несогласувањата меѓу политичките и религиозните лидери се „природна појава“ и не претставуваат голем проблем.

„Нека се справат со она што се случува во Католичката црква, а американскиот претседателот нека ја води американската јавна политика“, рече Венс.

Тој ги намали критиките што следеа меѓу христијаните поради нападите на Трамп врз папата, истакнувајќи дека несогласувањата се очекувани и дека ќе продолжат да се случуваат во иднина.

Заострувањето на односите меѓу Трамп и Ватикан дојде по неуспешните обиди на американските дипломати, предводени од Венс, да постигнат мировен договор со Иран за време на прекинот на огнот.

Папата Лав XIV е еден од најгласните критичари на американската воена акција против Иран.

Во неодамнешната проповед, тој предупреди дека христијанската мисија честопати е „искривена од желбата за доминација“, што, како што изјави, е спротивно на учењата на Исус Христос.

Претходно, во објава на социјалните мрежи, Трамп го критикуваше папата како премногу либерален, обвинувајќи го за „слабост во однос на криминалот“ и „лоша надворешна политика“.

Папата Лав XIV на почетокот од својата посета на Африка рече дека не се плаши од администрацијата на Трамп и дека нема да се двоуми „гласно да ја зборува пораката на Евангелието“.

Според „Њујорк тајмс“, Венс се преобратил во католицизам во 2019 година, но неговите политички ставови, особено за имиграцијата, предизвикале остри реакции во Ватикан и несогласувања со приоритетите на папата Лав XIV, првиот американски папа.с

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top