Свет

Вештачката интелигенција може да убие милиони, па и милијарда луѓе!

Никогаш немало оружје толку моќно како комбинацијата од луѓе со лоши намери и најновите алатки на вештачката интелигенција, вели коосновачот на „Мајкрософт“

Бил Гејтс излезе Во едно од своите најдраматични предупредувања досега за вештачката интелигенција, Бил Гејтс вели дека технологијата веќе станува доволно моќна за, доколку биде употребена од луѓе со зли намери, да предизвика катастрофа со размери од стотици милиони, па дури и милијарда жртви.

„ Вештачката интелигенција сигурно е доволно моќна да поттикне настани што би предизвикале милијарда смртни случаи – изјави коосновачот на Мајкрософт во интервју за емисијата „Meet the Press“ на Ен-Би-Си (NBC), кое целосно ќе биде емитувано в недела.

„Никогаш немало оружје толку моќно како комбинацијата од луѓе со лоши намери и најновите алатки на вештачката интелигенција“, вели Гејтс и додава дека најопасното сценарио не е холивудска слика на роботи кои одеднаш решаваат да го уништат човештвото.

Тој веќе подолго време го посочува ризикот дека ВИ драматично ќе ја намали стручната и финансиската бариера потребна за биотероризам, сајбернапади и други облици на масовно насилство. Во неговите текстови се наведува дека ВИ може да помогне во дизајнирање нови патогени, додека истите способности што им помагаат на експертите да пронајдат безбедносна слабост во компјутерски систем можат да му помогнат и на напаѓачот да ја искористи.

Токму биолошкиот ризик е еден од најголемите стравови на Гејтс. Човекот кој уште во 2015 година предупредуваше дека светот не е подготвен за голема пандемија сега смета дека ВИ може да им овозможи на многу помалку квалификувани актери пристап до знаење и способности што порано ги поседуваа само врвни лаборатории и државни структури.

Новото предупредување е важно и поради забележливата промена во ставот на самиот Гејтс. Тој со години беше еден од најголемите технолошки оптимисти и тврдеше дека ВИ може радикално да ги подобри медицината, образованието и продуктивноста.

Но, во август призна дека развојот напредувал побрзо отколку што очекувал и дека првпат посакува една голема технологија да се развива побавно.

Неговите грижи сега се концентрирани во три области: безбедноста и можната злоупотреба на АИ, уништувањето или трансформацијата на голем број работни места и влијанието врз децата и човечките односи.

Повеќе на ЛИНКОТ

Најнови вести од: Свет

To top