Свет

(Видео): Пуштен во употреба највисокиот мост во светот во Кина – изграден за три години

Мостот е два пати повисок од Ајфеловата кула во Париз, а го сруши и претходниот рекорд што го држеше мост во истата покраина Гуиџоу

Денеска во кинеската покраина Гуиџоу беше отворен за сообраќај највисокиот мост во светот. Мостот на Големиот кањон Хуаџијанг се издигнува на височина од 625 метри од речното корито. Ова е приближно еквивалентно на висината на Шангајската кула (632 метри), највисокиот облакодер во Кина.

Мостот е два пати повисок од Ајфеловата кула во Париз, а го сруши и претходниот рекорд што го држеше мост во истата покраина Гуиџоу. Главниот распон помеѓу столбовите изнесува 1.420 метри.

Изградбата на овој инфраструктурен проект траеше три години. Според кинеските државни медиуми, цената била над две милијарди јуани, односно околу 240 милиони евра.

Мостот го скратува времето на патување низ кањонот Хуаџијанг во планинската покраина Гуиџоу од околу два часа на само неколку минути.

Најнови вести од: Свет

Белата куќа ќе избегне да бара одобрение од Конгресот за нови напади врз Иран

Претходно „Тајм“ објави дека демократите би можеле да го тужат американскиот претседател Доналд Трамп ако тој продолжи со воената акција против Иран по 1 мај без да добие одобрение од Конгресот

Хамнеи воинствено кон Трамп: Единственото место за Американците е на дното на Персискиот Залив!

Врховниот лидер на Иран Мочтаба Хамнеи изјави дека „единственото место за Американците во Персискиот Залив е на дното на неговите води“. Изјавата била прочитана на иранската државна телевизија и е пренесена од меѓународни медиуми.

Најнови вести

To top