Свет

(Видео): Воз удри во автобус во Мексико Сити, има мртви

Несреќата се случила во индустриска зона на автопат помеѓу Атлакомулко, град на околу 115 километри северозападно од главниот град, и Маравати, во близина на државата Мичоакан.

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се повредени откако товарен воз удри во двокатен автобус северозападно од Мексико Сити, соопштија локалните власти.

Воз се судри со двокатен автобус северозападно од Мексико Сити рано наутро во понеделник по локално време, при што загинаа неколку лица, а бројот на повредени расте постојано, соопштија властите.

Агенцијата за цивилна заштита на државата Мексико на Икс соопшти дека службите за итни случаи сè уште се на местото на несреќата во индустриска зона. Не се објавени детали за тоа како се случила несреќата.

https://x.com/AZ_Intel_/status/1965100689547559309

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

To top