Свет

„Виси“ одлуката за ракети „Томахавк“ за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел.

 

На прашањето на новинарите дали размислува да ѝ го даде оружјето на Украина, Трамп одговори: „Не, не баш. Можеби ќе има промена, но во овој момент не го разгледувам тоа“.

Пентагон ѝ одобри на Белата куќа да испрати крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел во Украина откако процени дека тоа нема негативно да влијае на снабдувањето на САД, а конечната политичка одлука зависи од претседателот Доналд Трамп, потврдија тројца американски и европски функционери запознаени со ова прашање, објави Си-Ен-Ен во петокот.

Трамп призна претходно овој месец на работен ручек со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа дека би претпочитал да не ѝ ги дава ракетите на Украина бидејќи му се потребни за да ги заштити Соединетите Американски Држави.

Здружениот штаб на американските вооружени сили ја информираше Белата куќа за својата проценка претходно овој месец, пред состанокот на Трамп со Зеленски.

Украинскиот претседател ги бара ракетите за да може поефикасно да ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура длабоко во Русија. Ракетите „Томахавк“ имаат дострел од околу 1.600 милји. Трамп неколку дена пред средбата со Зеленски рече дека САД имаат „многу Томахавци“ што потенцијално би можеле да ѝ ги дадат на Украина.

Најнови вести од: Свет

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top