Свет

Војниците на Националната гарда на САД распоредени во Вашингтон

На гардистите им е дозволено да употребат сила само во краен случај, исклучиво како одговор на непосредна закана по живот.

nationalguard.mil

Припадниците на Националната гарда на САД, распоредени во Вашингтон по наредба на претседателот Доналд Трамп, од вчерашната вечер носат оружје, според информациите на Си-ен-ен.

На гардистите им е дозволено да употребат сила само во краен случај, исклучиво како одговор на непосредна закана по живот.

Минатата недела, министерот за одбрана Пит Хегсет објави дека членовите на Националната гарда, ангажирани во рамките на антикриминалната политика на Трамп во главниот град, се овластени да носат оружје.

Точниот број на вооружени гардисти не е официјално потврден. Според некои извори, тие ќе бидат опремени со пиштоли М17 или пушки М4.

Во изминатите две недели, стотици припадници на Националната гарда патролираат низ улиците на Вашингтон, откако Трамп прогласи вонредна состојба, тврдејќи дека градот е зафатен од бран на криминал.

Тој, исто така, вчера спомна можност за распоредување на Националната гарда и во Балтимор, во сојузната држава Мериленд.

Моментално, во Вашингтон се стационирани над 1.900 припадници на Националната гарда, вклучувајќи ги оние од округот Колумбија, како и од сојузните држави Охајо, Луизијана, Мисисипи, Јужна Каролина, Тенеси и Западна Вирџинија.

Гардистите патролираат во областите околу Белата куќа, туристичката зона меѓу Конгресот и Споменикот на Линколн, како и на железничките и метро станиците.

На 11 август, Трамп вети дека ќе го заштити Вашингтон од криминал, хаос и беда.

Градоначалничката на Вашингтон, Муриел Баузер од Демократската партија, ги отфрли неговите тврдења, наведувајќи дека насилниот криминал во градот е на најниско ниво во последните три децении.

Трамп ја обвини Баузер дека објавува неточни податоци за криминалот во главниот град.

Претседателот, исто така, најави планови за распоредување на безбедносни сили во Чикаго, Њујорк и Балтимор.

Во јуни, Трамп веќе ја активираше Националната гарда и маринците во Лос Анџелес за да ги сузбие протестите против неговата миграциска политика.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 170 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

Најнови вести

To top