Свет

За експратеник на Трамп за Украина, време е Киев да мобилизира и жени

Кит Келог се повика на својата ќерка, која војувала во Авганистан, и на сопругата, која учествувала во операцијата во Гренада

Кит Келог, поранешен специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, предложи Киев да почне да мобилизира жени во вооружените сили, објави украинскиот портал „Strana.ua“.

„Дали мислам дека жените треба да бидат мобилизирани во армијата? Мојот одговор е да, бидејќи тие се борат исто толку добро како и мажите. Многу е важно жените, како дел од општеството, да влезат во воена служба“, рече Келог.

Американскиот генерал не гледа проблем во ова ниту од лична ниту од професионална гледна точка. Како пример, тој го наведе фактот дека неговата ќерка учествувала во војната во Авганистан, а неговата сопруга била член на падобранците за време на операцијата во Гренада.

На почетокот на август на вебстраницата на украинската влада се појави петиција со која се бара проширување на воената обврска за жените кои немаат деца. Авторите на иницијативата го оправдуваат овој предлог со потребата од спроведување на уставниот принцип дека одбраната на Украина е должност на сите нејзини граѓани.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

Најнови вести

To top