Свет

Затворени гласачките места во Унгарија – огромна излезност

Соборен апсолутниот рекорд на излезност на изборите во Унгарија

Во Унгарија во 19 часот се затворија гласачките места каде можеше да се гласа на паралментарните избори.

Првите резултати од изборите во Унгарија се очекуваат вечерва од 20:00 часот, кога Националната изборна канцеларија ќе почне да ги објавува на официјалната веб-страница, со ажурирања на секои десет минути. Податоците ќе пристигнуваат по одреден редослед, прво ќе се обработуваат гласовите за поединечните кандидати, потоа за националните партиски листи, а на крај и за листите на националните малцинства.

До 17 часот беше соборен апсолутниот рекорд на излезност, 74,23 проценти од гласачите, или 5.587.935 луѓе, излегоа на гласање. Тоа веќе го надмина претходниот рекорд од 2002 година, кога вкупната излезност беше 73,5 проценти.

За споредба, на изборите во 2022 година, излезноста во 17 часот беше 62,9 проценти.

Унгарските медиуми забележуваат дека во 2002 година, последните податоци во текот на денот биле објавени во 17:30 часот, па затоа нема директно споредливи податоци за 17 часот, но тогашниот рекорд во вториот круг бил 67,87 проценти.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top