Свет

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Зеленски нагласи дека соработката со САД останува клучна за Украина, но порача дека таа мора да се одвива со почит и рамноправност. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека посетите на американските пратеници во Москва, без нивно доаѓање во Киев, претставуваат „непочитување“ кон Украина.

Станува збор за специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер, кои во изминатиот период повеќепати ја посетиле руската престолнина и оствариле средби со претседателот Владимир Путин, но досега немаат реализирано официјална посета на Киев.

„Тоа е непочитување – да одите во Москва, а да не дојдете во Киев. Разбирам дека има сложени околности, но ако не сакаат да дојдат, можеме да се сретнеме и во друга држава“, изјави Зеленски во интервју за украински медиум.

Украинскиот претседател потсети дека најавената посета на американските пратеници во Украина не се реализирала, делумно поради ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток, што го пренасочи вниманието на САД.

Последната средба меѓу претставници на Украина, САД и Русија се одржа во февруари, но преговорите стагнираа, а клучните прашања остануваат нерешени. Меѓу нив се враќањето на украинските деца однесени во Русија, како и барањата на Москва за политички промени во Киев.

Најголем камен на сопнување е статусот на Донбас, регион кој е делумно под руска контрола. Украина го смета за свој суверен простор, додека Русија инсистира на поинакво решение, што ги држи преговорите во ќорсокак.

Во меѓувреме, борбите продолжуваат долж фронтот што се протега од североистокот до југот на земјата, а украинските градови редовно се цел на напади со беспилотни летала и ракети. Само во една ноќ минатата недела биле лансирани стотици проектили и дронови, при што загинале цивили и била уништена инфраструктура.

И покрај тоа, Зеленски нагласи дека соработката со САД останува клучна за Украина, но порача дека таа мора да се одвива со почит и рамноправност.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top