Свет

„Има многу украински дронови таму, опасно е“: Зеленски до Трамп зошто не оди во Москва

Украинскиот претседател се пошегува со американскиот, кој го праша за местото на можните преговори со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли можноста да оди во Москва на мировни преговори, шеговито наведувајќи ги како причина беспилотните летала што украинските сили ги испраќаат кон руската престолнина во последните месеци.

Москва неодамна го повика Зеленски дека слободно може да дојде во Москва ако сака да преговара со својот руски кола Владимир Путин.

Размената меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп беше снимена за време на денешната билатерална средба меѓу двајцата лидери на маргините на самитот на НАТО во Анкара.

Зборувајќи за сопствените разговори со рускиот претседател Владимир Путин за можен самит, Трамп рече дека го покренал прашањето за местото на состанокот и добил одговор дека Москва би била претпочитана локација.

Трамп веднаш ја отфрли можноста.

„Реков, нема да се сретнете во Москва. Не“, рече Трамп, опишувајќи го својот разговор, според „Јунајтед 24 Медиа“.

Потоа го прашал Зеленски: „Дали би оделе во Москва?“.

„Тешко“, одговорил Зеленски. „Има многу украински дронови таму. Опасно е.“

Трамп рече дека не е сигурен дека треба директно да се вклучи во ова прашање, велејќи дека не чувствува дека мора да се стави себеси „во таа позиција“.

Додаде дека не е сигурен дека Кремљ ќе прифати таков состанок, велејќи само дека Путин „можеби“ ќе се согласи.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

To top