Свет

Зеленски: Путин веќе започна „трета светска војна“

Предавањето територии на Русија би ја ослабнало позицијата на Украина и би го „задоволило“ Путин само за кратко време

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин веќе ја започнал Третата светска војна.

Во разговор за Би-Би-Си, Зеленски рече дека „Кремљ сака да наметне поинаков начин на живот на светот и да го промени животот што луѓето го избрале за себе“.

Тој повтори дека предавањето територии на Русија би ја ослабнало позицијата на Украина и би го „задоволило“ Путин само за кратко време.

„Според мене, тој би можел да се опорави за не повеќе од неколку години“, рече Зеленски. Според него, Путин би сакал да ја продолжи војната.

Зеленски призна дека Украина во моментов нема сила да ги врати своите територии, но ќе продолжи да се бори за „правда“ и враќање на границите од 1991 година.

На прашањето дали може да му верува на американскиот претседател Доналд Трамп, тој инсистираше дека Украина треба да одржува добри односи со САД, без оглед на владејачката администрација.

„На пример, сакаме гаранции за 30 години. Политичките елити ќе се менуваат, лидерите ќе се менуваат“, објасни Зеленски.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top