Свет

Зеленски: Украина пред избор – губење на достоинството или на клучниот партнер

Во десетминутното обраќање на нацијата, украинскиот претседател вети дека нема да ги предаде националните интереси

Украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно ѝ се обрати на нацијата за мировниот план на САД од 28 точки, оценувајќи го актуелниот миг како еден од најтешките во историјата на Украина.

„Сега доживуваме еден од најтешките моменти во нашата историја. Во моментов, Украина можеби ќе мора да направи исклучително тежок избор: или губење на достоинството, или ризик од губење на клучен партнер, или тежок план од 28 точки, или исклучително сурова зима, најсуровата, и дополнителни ризици што претстојат. Живот без слобода, достоинство и правда, и принудување да му веруваме на некој што веќе нè нападна двапати. Тие ќе чекаат наш одговор“, рече Зеленски во десетминутниот говор.

„Притисокот врз Украина во моментов е меѓу најсилните досега“, додаде тој.

„Конструктивна потрага по решенија ќе се спроведе со Соединетите Американски Држави. Ќе презентирам аргументи, ќе убедувам и ќе понудам алтернативи, но нема да му дадеме на непријателот никаква причина да каже дека Украина не е подготвена за мир. Секако, ние сме направени од челик, но дури и најсилниот метал на крајот може да попушти. Мораме да се собереме, да се вразумиме, да ги запреме меѓусебните конфликти и токсичните препирки. Државата мора да дејствува како единствен ентитет. Не смееме да изгубиме од вид кој е нашиот вистински непријател“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека нема да ги предаде националните интереси на својата земја.

„Не ја предадовме Украина тогаш (во почетокот на војната во 2022 година – н.з.), нема да ја предадеме ни сега. Знам дека народот е со мене. Следната недела ќе биде тешка. Ќе има многу притисок – политички и информативен, со цел да се обиде да нè подели и дестабилизира“, рече Зеленски.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top