Свет

Зеленски: Утре не одете во Москва!

Русијално се закани со масовен напад врз центарот на Киев доколку Украина се обиде да ја наруши утрешната парада во Москва.

 

Еден ден пред традиционалните прослави по повод Денот на победата во Москва, украинскиот претседател Володимир Зеленски, дги предупреди официјалните претставници на државите сојузнички на Русија да не патуваат во руската престолнина на годишната парада на 9 мај, со која се одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија.

Зеленски изјави дека Украина „не препорачува“ доаѓање на странски претставници на воената парада на 9 мај во Москва, откако Русија се закани со одмазда во случај на кршење на едностраното примирје прогласено од Владимир Путин.

Руското Министерство за одбрана вчера ја потврди најавата на Путин за еднострано примирје од петок до недела. Министерството тврди дека во овој период „сите руски воени единици целосно ќе ги прекинат борбените операции“.

Москва предупреди дека секој обид на Украина да го прекрши примирјето или да нападне руски цели ќе биде пресретнат со „соодветен одговор“.

Русија дополнително се закани со масовен напад врз центарот на Киев доколку Украина се обиде да ја наруши утрешната парада во Москва.

Откако Путин прогласи „прекин на огнот на Денот на победата“, Зеленски во понеделник изјави дека Украина ќе го спроведе прекинот на огнот од среда. Подоцна тврдеше дека Русија го прекршила прекинот на огнот 1.820 пати на првиот ден од прекинот на огнот, до 10 часот наутро. Зеленски индиректно рече дека судбината на парадата зависи од украинската армија.

„Тие сакаат дозвола од Украина да ја одржат својата парада за да можат безбедно да маршираат низ плоштадот еден час годишно, а потоа да се вратат на убивање наши луѓе и водење војна“, нагласи Зеленски во синоќешното обраќање.

Според украинскиот претседател, некои проруски земји контактирале со Украина во врска со плановите на нивните претставници да присуствуваат на парадата во Москва.

„Исто така, добивме пораки од некои земји блиски до Русија дека нивните претставници имаат намера да бидат во Москва. Чудна желба овие денови. Ние не го препорачуваме тоа“, истакна тој.

Претходно, исто така индиректно, Зеленски рече дека судбината на руската воена парада зависи од украинската армија, додека Москва е сè позагрижена за можни напади за време на настанот.

Руската државна новинска агенција Тас објави список на странски гости, но не прецизираше кои од нив ќе бидат на воената парада:

Претседателот на Република Абхазија Бадра Гунба со сопругата
Претседателот на Република Белорусија Александар Лукашенко
Претседателот на Народнодемократската Република Лаос Тонглун Сисулит
Врховниот владетел на Малезија, Султан Ибрахим
Премиерот на Словачката Република Роберт Фицо
Претседателот на Република Јужна Осетија Алан Гаглојев
Претседателот на Република Српска Синиша Каран
Претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ со сопругата
Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи на Република Српска Милорад Додик со сопругата

 

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top