Македонија Бизнис

Пратениците се скараа за парите – расправа за ребалансот на Буџетот

Пратениците се скараа за парите, колку и како ќе се троши. Расправа за ребалансот на Буџетот – за власта развоен и реален, за опозицијата непродуктивен.

Почна општата расправа во Собранието за ребалансот на Буџетот. За пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гарантира економски раст и подобрување на животниот стандерд и е порака за домаќинско управување со државните финансии, развоен, визионерски и реален. За пратениците од СДСМ, пак, ребалансот не е насочен кон продуктивен развој и е огледало на фискална неодговорност, го прикрива она што било ветено, а не било испорачано. Пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи оцени дека ребалансот има функција да скицира розова економска проекција и е признание, како што рече, дека Владата веќе не ја контролира фискалната рамнотежа, краткорочна политичка пресметка, а наместо стратегија за развој ја сведува економската визија на серија популистички гестови.

Според Битиќи, зад формалните бројки се крие уште поголема загриженост бидејќи буџетскиот дефицит за само месец и половина речиси е удвоен.

– Таков раст не се случува во економии со здрава фискална дисциплина – рече Битиќи.

Тој се повика и на укажувањето од Фискалниот совет дека не може да се очекува раст само со јавната потрошувачка. Наведе дека е сериозен проблем тоа што има над 700 милиони евра доспеани а неисплатени обврски идентификувани од Фискалниот совет според податоци од Министерството за финансии.

– Поразителна е развојната компонетна на Буџетот. Капиталните расходи иако зголемени на хартија се реализираат со темпо што граничи со економска оправданост, над 11 милијарди денари до 12 јуни, што е едвај 23 проценти – рече Битиќи.

Тој оцени дека во структурата на расходите се открива политичка агенда на Владата која, наведе, го користи Буџетот како алатка за мобилазција на гласачи со оглед на зголемувањето на средствата за пензии и за плати, што ече дека простор за нови партиски мотивирани вработувања во јавната администрација. Битиќи, меѓу останатото, наведе дека се кратат средства за финансиска поддршка на стопанството, а рече и дека е вознемирувачки скокот на расходите од 30 милиони евра кај договорните услуги што вели дека не е придружено со отчетност.

Критикуваше и дека неприсуството на дебатата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е понижување.

На таквата забалешка од Битиќи, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, наведе дека министерката го најавила отсуството истакнувајќи дека таа ќе се приклучи дополнително во расправата за амандманите. Најави дека ќе го поддржи ребалансот со целосна доверба, оценувајќи дека гарантира економски раст и подобрување на животниот стандард. Според Стојановски, првпат се носи ребаланс во ситуација кога, нагласи, нема минус, туку зголемени приходи.

– Ова не е ребаланс на слабост туку на сила и стратегија што произлегува од фискална дисциплина во економија која бележи стабилен раст. Анализата на приходите и расходите покажува дека се повисоки за 8,6 процети, а расходите за 5,5 проценти, буџетскиит дефицит останува стабилен и е проектиран на 4 проценти, а до крајот на годната ќе биде и понизок – рече Стојановски, дополнувајќи дека нема популизам на штета на економијата.

Наведе дека се обезбедени дополнителни средства за плати, пензии, капитални расходи, за доизгадба на зградата на ФИНКИ и ФФК, ваучери од 250 евра за секој студент, реактирање на проектот „Купи куќа“, набавка на автопбуси, изградба на локални патишта. Пратеникот Стојановски рече и дека ребаланост е порака која прави јасна разлика помеѓу „пристапот кој создава и оној кој уништува“ и „оној кој гради за разлика од оној кој крадеше“.

– Покажува дека можеме да испорачаме и плати и пензии и инвестици истовремено. Првпат се носи ребаланс со кој не се крати туку се додава – рече Стојановски.

Пред почетокот на општата расправа обраќање имаше претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев, а образложение даде заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

За Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година поднесени се над 200 амандамни, од кои 160 од опозициската СДСМ.

Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент. Стапката на невработеност се очекува да се намали на ниво до 11,1 проценти во 2025 година, а стапката на вработеност да достигне 47 проценти.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Истрага против П.С.(39) од Богданци, откако ја убил сопствената мајка на монструозен начин, со бодење со нож и ножици до искрвавување

На 12.01.2026 во Полициската канцеларија Богданци полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци. На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија меѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата. Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија. На 12.01.2026 година во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото. Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија.

Владиката Агатангел во 2024: Цариградската патријаршија и Вартоломеј ли ќе ни наложуваат име на Македонската православна црква – Охридска архиепископија?!

„Верниот и богољубив македонски православен народ активно се црквува во Автокефалната Света Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Народот си ја доживува Македонската православна црква – Охридска архиепископија како своја духовна мајка.“ – има наведено владиката Агатангел во своја колумна во 2024 година.

Двајца браќа од Тетовско прелажани за странска пензија – останале без 15.000 евра

Двајца постари мажи од Тетовско наивно верувале на ветувања и на измамник му дале 15.000 евра. Потпишувале бланко листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници – оти така им кажал измамник што им ветувал странски пензии. Останале со празни раце!

„Н.М“: Споменувањето на МПЦ-ОА како „северномакедонска црква“ во литургијата на Даниил и Вартоломеј е отсекување на милениумите на македонскиот идентитет и црковните традиции!

„Таквиот потег на Даниил и Вартоломеј фрла сенка врз историската и националната легитимација. Наместо да ја афирмира МПЦ-ОА  како наследник на една од најстарите институции на словенското христијанство, таквата формулација ја сведува на симбол без длабоки корени, како дрво отсечено од својата почва. Со формулацијата „црква од Република Северна Македонија“, која ја користеше вселенскиот патријарх Вартоломеј, уште поопасно за нас, се фалсификуваат два милениума христијанство во Македонија, се сече едната и единствена црковна врска меѓу Светипавловата и Светиклиментовата црква, кои се неизбришливо втемелени во МПЦ-ОА. Но, името на МПЦ–ОА денес не е само предмет на богословска и канонска дискусија, туку и поле на борба за признавање, легитимитет и духовна самостојност на македонскиот народ. Во него се вкрстуваат идентитетот на македонскиот народ, неговото право на сопствена црковна традиција, како и историската должност да се зачува споменот на Охридската архиепископија како еден од најсветлите столбови на православието. – се нагласува во анализата на весникот „Нова Македонија“ со наслов „Цариградските камбани сѐ погласно бијат за некаква ‘северномакедонска црква“!?“.

Најнови вести

To top