Денеска ќе се одржи 39. Охридски пливачки маратон – ќе пливаат 16 маратонци од Македонија и светот
Стартот на маратонот е предвиден во 11 часот од Свети Наум, а целта е на Градското пристаниште во Охрид, околу пет часа по стартот, зависно од условите на патеката. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина, од кои 11 се во машка и пет во женска конкуренција, ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева.