Македонија

Денеска ќе се одржи 39. Охридски пливачки маратон – ќе пливаат 16 маратонци од Македонија и светот

Стартот на маратонот е предвиден во 11 часот од Свети Наум, а целта е на Градското пристаниште во Охрид, околу пет часа по стартот, зависно од условите на патеката. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина, од кои 11 се во машка и пет во женска конкуренција,  ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева.

Во машка конкуренција ќе настапат и Матеа Видовиќ од Србија, Умит Кемал Џенгиз од Турција, Филип Лакас од Канада, Алесио Окипинти и Николо Ричарди од Италија, Енеко Саезмиера и Даниел Понсе Хименез од Шпанија, како и Кристијано Карамело Сантос од Португалија. Во женска конкуренција, покрај Гошева, ќе настапат уште и Елена Лионело од Италија, Милица Љубисављевиќ од Србија и Аргентинките Рита Ванеса Гарсија и Мајте Ајлен Пука.

Наградниот фонд на годинашниот маратон изнесува 15 илјади долари. Паричните награди ќе бидат распределени соодветно за најдобрите пливачи во двете категории. Покровители на маратонот се Општина Охрид, Министерството за спорт и претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова. Технички организатор е Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид.

Историја

Првата маратонска трка на релацијата „Горица – Охрид“, во должина од 2,5 км, е одржана во 1954 година. Учествувале осмина пливачи, а победил Нико Нестор. Следните се одржани во 1956 и 1957 година, а победници биле Дики Бојаџи и Ѓоко Чудов. Се натпреварувале и жени, а најдобри биле Снеже Групчева и Соња Думбалоска. Првиот вистински маратон се одржал во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 км и победил Абу Хеиф од Египет, втор бил Вилјам де Вренг од Холандија, а трета Дики Бојаџи од Македонија. Во женска конкуренција победила Атина Бојаџи од Македонија, инаку сестра на Дики Бојаџи. Маратонот продолжил да се одржува до 1966 г. (со исклучок на 1963 година, поради Скопскиот земјотрес. Од 1992 година се одржува секоја година на патеката „Климе Савин“.

Од 1998 година натпреварувањето е дел од програмата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА). Низ историјата на маратонот настапувале бројни познати имиња од светското маратонско пливање, а рекордер по бројот на победи е Бугаринот Петар Стојчев со 11 триумфи. Првиот македонски победник во современата историја на маратонот е Евгениј Поп Ацев, кој триумфираше на 29. издание во 2015 година, додека една година подоцна победи и Томи Стефановски.

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top