ДВ: Владиниот авион во расчекор со технологијата – заложби за купување нов авион доаѓале и од кадри на СДСМ пред седум години!
Додека СДСМ ја обвинува власта за „ пуста желба за поголем и нов авион за луксузирање“, медиумските архиви сведочат дека заложби за купување нов владин авион доаѓале и од кадри на СДСМ пред седум години, во периодот кога оваа партија ја предводеше Владата. Во заложбата „за“ нов авион биле приложени сериозни аргументи, во кои доминираат предупредувања за технолошката застареност на владиниот „лирџет 60“. Како еден од клучните проблеми и тогаш се сметал недостигот на резервни делови за авионот и постојаните поправки со репарирани делови. Ова го објави Македонската редакција на Дојче Веле.