Тема: „Бугарски договор“

Седум години од „преспанските“ амандмани“ за бришењето на името Македонија, што не успеал никој трајно да го стори, па ниту Грците!

Кога-тогаш ќе дојде времето кога ќе може и кога ќе мора да бидат разурнати и „преспанската пештера“ и „санстефанската пештера“, во кои се фрлени во пранги Македонија и македонскиот идентитет. Тие „пештери“, Македонците мора да ги разурнат и да се разгрне небото, за да блесне на него шеснаесеткракото македонско сонце од Кутлеш, сонцето на македонизмот! Како што во Уставот пред седум години се избришало името Македонија, така ќе треба во време соодветно, во време политички оптимално и од домашен и од меѓународен аспект, да бидат вратени назад името Македонија и придавката „македонски“ во тој највисок правно-политички акт на македонската држава.

Ѓурчески: Заев и екипата земале 250 милиони евра од Бугарија за да ги спроведат сите Протоколи и Договори?! (ВИДЕО)

Поранешниот премиер Зоран Заев и функционери на СДСМ блиски до него земале 250 милиони евра од Бугарија за да го прифати Договорот за добрососедство, а потоа преку своите октроирани наследници и Францускиот предлог и протоколите кои следуваа, со ваков основан сомнеж излезе безбедносниот експерт и поранешен полициси началник Љубомир Ѓурчески

Во Уставот треба да се врати грижата за Македонците од соседните држави, а не да се ставаат „државотворни Бугари“ и со нив агенда за распад на Македонија! (1)

Денес се навршуваат 35 години од донесувањето серија амандмани на Уставот на тогашна Социјалистичка Република Македонија во Собранието, меѓу кои беше и амандманот 58. Со него за првпат беше воведена одредба во еден устав на самостојна и независна Македонија, која се однесуваше на обврската за грижа за македонското малцинство во во Грција, Бугарија и другите соседни држави. Но, поради „Преспанскиот“ и „Бугарскиот договор“, прифатени од претходната Влада, македонската држава се откажа од македонските национални малцинства во тие земји.

To top