Вицепремиерот Беким Сали ги претстави во Дизелдорф, во Германија, можностите за инвестиции во Македонија
Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали учествуваше во расправата на тема „Можности за странски инвестиции во С.Македонија“, која се одржа во Дизелдорф, во Германија. Тој ја истакна Германија како најголем трговски партнер и еден од водечките инвеститори во Македонија. Сали нагласи дека повеќе од 150 германски компании работат во Македонија, вработувајќи повеќе од 22 илјади граѓани и придонесувајќи значително за економскиот развој.