Македонија

Вицепремиерот Беким Сали ги претстави во Дизелдорф, во Германија, можностите за инвестиции во Македонија

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали учествуваше во расправата на тема „Можности за странски инвестиции во С.Македонија“, која се одржа во Дизелдорф, во Германија. Тој ја истакна Германија како најголем трговски партнер и еден од водечките инвеститори во Македонија. Сали нагласи дека повеќе од 150 германски компании работат во Македонија, вработувајќи повеќе од 22 илјади граѓани и придонесувајќи значително за економскиот развој.

Вицепремиерот Сали ја нагласи постојаната доверба на германските инвеститори, изразена преку зголемените инвестиции и реинвестиции, како и заложбата на Владата за создавање стабилна, конкурентна и предвидлива деловна средина. Toj укажа дека економската соработка со Германија оди напоредно со евроинтеграцијата. Притоа беше реафирмирана целосната посветеност на Македонија кон реформите и членството во Европската Унија.


Беким Сали во Леверкузен денеска оствари средби со претставници од неколку успешни компании од нашето иселеништво. -Во рамките на овие средби, тој ги посети компаниите PEVALIT/PEVAPOR, A&F Baustoffhandel, Miftari Dämm-Flex GmbH и R&R Invest GmbH, кои претставуваат успешни примери на претприемништво на нашите иселеници на меѓународните пазари. За време на средбите се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка, проширување на инвестициите и зајакнување на врските меѓу иселеништвото и домашната економија, соопшти Министерството за европски прашања.

Вицепремиерот Сали истакна дека Владата останува посветена на создавање поволна инвестициска клима, со посебна насоченост на иселеништвото, кое го смета како стратегиски партнер во економскиот развој на државата. Сали подвлече дека искуството и капиталот на дијаспората претставуваат значаен потенцијал за економски раст и забрзување на европската интеграција на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top