Силна експлозија пред американската амбасада во Осло
Силна експлозија денеска одекна пред зградата на амбасадата на САД во главниот град на Норвешка, Осло, предизвикувајќи помала материјална штета, но без жртви и повредени, соопшти норвешката полиција. Експлозијата се случила во комплексот на американската дипломатска мисија во западниот дел на Осло околу 1:00 часот по локално време.