Тема: „Филетизам или проклетство: аспекти на великобугарскиот шовинизам“

Георгиев: Бесниот великобугарски шовинизам е жестока болест на Бугарија со неговото негирање на македонството и македонскиот идентитет!

„Великобугарскиот шовинизам е жестока болест на Бугарија. Тоа не е родољубие, туку бесен национализам, преобразен во манија за величие на една земја во сразмера, трипати поголема од секој нејзин потенцијал, со злоба кон сè небугарско, со болни територијални и национални стремежи, со чудовишно угнетување на националните малцинства внатре во неа. Издигнат во ранг на национална политика, на национална свест и психа, во начин на живеење на сите генерации, великобугарскиот шовинизам десетици години беше темел на буржоаска Бугарија. Анализиран преку сите негови пројави, тој е бугарска идеологија.“ – има напишано бугарскиот универзитетски професор д-р Константин Георгиев од Софија во предговорот на својата книга „Филетизам или проклетство: аспекти на великобугарскиот шовинизам“. Ова е капитален историографски и социолошки труд во два дела. Првиот дел од овој обемен труд е веќе објавен на македонски јазик во 2016 година. Издавачката куќа „Македоника литера“ од Скопје објави на својот фејсбук-профил дека деновиве го испечати вториот дел од студијата на професорот Константин Георгиев.

To top