Македонија

Георгиев: Бесниот великобугарски шовинизам е жестока болест на Бугарија со неговото негирање на македонството и македонскиот идентитет!

„Великобугарскиот шовинизам е жестока болест на Бугарија. Тоа не е родољубие, туку бесен национализам, преобразен во манија за величие на една земја во сразмера, трипати поголема од секој нејзин потенцијал, со злоба кон сè небугарско, со болни територијални и национални стремежи, со чудовишно угнетување на националните малцинства внатре во неа. Издигнат во ранг на национална политика, на национална свест и психа, во начин на живеење на сите генерации, великобугарскиот шовинизам десетици години беше темел на буржоаска Бугарија. Анализиран преку сите негови пројави, тој е бугарска идеологија.“ – има напишано бугарскиот универзитетски професор д-р Константин Георгиев од Софија во предговорот на својата книга „Филетизам или проклетство: аспекти на великобугарскиот шовинизам“. Ова е капитален историографски и социолошки труд во два дела. Првиот дел од овој обемен труд е веќе објавен на македонски јазик во 2016 година. Издавачката куќа „Македоника литера“ од Скопје објави на својот фејсбук-профил дека деновиве го испечати вториот дел од студијата на професорот Константин Георгиев.

На својот фејсбук-профил „Македоника литера“ натаму истакнува: „Филетизам или проклетство: аспекти на великобугарскиот шовинизам“ ја третира бугарската политика во изминатите 150 години од аспект на шовинизмот и филетизмот во Бугарија, што посебно се одразува врз Македонците во таа земја. Д-р Георгиев аргументирано и врз издржана фактографија и научна методологија ги разобличува бугарската политика и бугарскиот шовинизам, односно филетизмот во Бугарија и неговите погубни и неповратни последици врз Македонците во таа земја, кои во пиринскиот дел на Македонија  во голем број со присилни миграции се доселени од Егејска Македонија, но и од Вардарска Македонија.

Авторот на проблемот му приоѓа од многу поширок аспект  – ги третира и ги разобличува воопшто великобугарскиот шовинизам и бугарската политика на непочитување на националните права на другите етнички заедници, кои живеат во таа земја. Авторот ги третира и ги разобличува и бугарските национални митови и воведувањето на нивната романтична кауза за македонизмот како борба и негирање на македонството, односно на македонскиот идентитет.

Пишувајќи за големобугарскиот шовинизам, Георгиев во предговорот констатира дека тој е „жестока болест на Бугарија“. Тој го изнесува своето „убедување дека целата невистинитост, тенденциозност и неубедливост на бугарската лажна наука за `македонското прашање` станува јасна и видлива штом ќе биде споредена и со другите `национални идеали`, со стремежите кон другите земји и народи, со политиката кон малцинствата внатре во Бугарија – за да се види дека како политика и мисловност насекаде е една и иста, постојано пристрасна, свирепа во негирањето на вистината и во служба на политичката конјуктура – како некогаш, така и сега.“

Во заклучокот на книгата д-р Георгиев пишува: „Посебно внимание му посветивме на македонското прашање, колку што тоа се јавува како водечко во шовинистичката традиција на великобугаризмот и продолжува да биде актуелно и во денешните политички состојби во Бугарија. Со материјалите, што останале неуништени во Бугарија и кои ни појде од рака да ги откриеме, се обидовме да му го покажеме на надворешниот свет великобугаризмот од неговиот заден двор.“

„Филетизам или проклетство: аспекти на великобугарскиот шовинизам“ е исклучителен историографски труд, кој зафаќа различни историски периоди. Тој се потпира на огромна, разновидна и релевантна фактографија, користејќи близу илјада извори (литература, архивски фондови, весници и сл.) и наведувајќи близу три илјади цитати (фусноти) од релевантни извори. Оваа студија ја преведе Ванчо Меанџиски од бугарски на македонски јазик.

Константин Георгиев (1948) е поранешен универзитетски професор од Софија, Бугарија, кој, поради репресиите што ги доживувал од бугарските власти, предвреме ја завршил својата кариера на универзитетски професор. Во 1986 година е отпуштен од работа, како што формално стои во образложението на службите на Државната безбедност, затоа што „отворено изразувал негативен став спрема процесот на преродбата…, изјавувајќи дека политиката на БКП за националните прашања е спротивна од марксистичко-ленинистичката идеологија“. Оттогаш е во постојана репресија. Поништена му е докторската дисертација, одземено му е научното звање (подоцна вратено) и отстранет од работа, а подоцна му е укината пензијата. Автор е на неколку историографски и социолошки трудови. Живее во Софија. – пишува „Македоника литера“ на фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

Стојаноски: Закон да се претворат во редовен работен однос на неопределено време договорите на луѓето, кои работат чесно со години

Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го претстави Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос.

Најнови вести

To top