АЛТА Банка со над 93% од акциите на Стопанска Банка АД Битола
Заедно со претходните акции кои ги поседувала АЛТА Банка, сега таа е сопственик на над 93 проценти од издадените акции, или поточно 93,2571 отсто од вкупниот број на акции. АЛТА Банка е сопственик на 364.614 обични акции од вкупно 390.977 обични акции издадени од Стопанска банка Битола.