Бизнис

АЛТА Банка со над 93% од акциите на Стопанска Банка АД Битола

Заедно со претходните акции кои ги поседувала АЛТА Банка, сега таа е сопственик на над 93 проценти од издадените акции, или поточно 93,2571 отсто од вкупниот број на акции. АЛТА Банка е сопственик на 364.614 обични акции од вкупно 390.977 обични акции издадени од Стопанска банка Битола.

Стопанска банка Битола и официјално преку Македонска берза известува дека преземањето од страна на српската Алта банка е успешно завршено. Согласно правилата за котизација, Стопанска Банка АД Битола, известува дека на ден 21.10.2025 година, доби Решение со кое се утврдува за успешна понудата за преземање на акции издадени од Стопанска Банка АД Битола, од страна на Алта Банка АД Белград, Република Србија, издадено од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, бр. УП1 Број 10-69 од 16.10.2025 година.

  • Се утврдува за успешна понудата за преземање акции издадени од Стопанска банка АД Битола дадена од Алта Банка АД Белград, Република Србија. Се задолжува преземачот од точка 1 да го објави ова Решение на начин како што е објавена понудата за преземање – се наведува во објавата поставена на веб страната на Македонска берза. 

Во документот објавен на берза се споделени и детали од договорот

  • Ha 02.O9.2025 година Алта банка АД Белград, Република Србија, преку Комерцијална банка АД Скопје – Дирекција за вршење услуги со хартии од вредност како овластено правно лице за работа со хартии од вредност во согласност со член 20 од Законот за преземање акционерски друштва, до Комисијата за хартии од вреднсот на Република Македонија достави Барање за добивање дозвола за понуда за преземање на акционерското друштво – Стопанска банка АД Битола. 

Со решение од 10.09.2025 Комисијата за хартии од вредност на РСМ на АЛТА Банка АД Белград, одлучи да и издаде дозвола за давање понуда за преземање акции издадени од Стопанска банка АД Битола – се наведува во документот објавен на Берза.

Во него се сите детали за преземањето, па објавено е и дека на 13 октомври АЛТА Банка претставувана преку адвокатот Александар Кралевски до КХВ доставила Известување за исходот од понудата.

  • Понудата за преземање била прифатена од 262 сопственици на обични акции со право на глас во Стопанска банка АД Битола, кои поседуваат 344.420 акции, што претставува 88,0921 отсто од вкупно издадени обични акции на Стопанска банка Битола. Врз основа на наведенот понудата за преземање е успешна – се потенцира во објавата. 
Воедно во него е посочено дека понудата за преземање или откуп на акциите ја прифатиле и други сопственици со што нивнот број се зголемил на 263 сопственици, и 345.175 обични акции кои ги откупи АЛТА Банка. Со тоа банката поседува 88,2852 проценти од вкупните издадени акции на Стопанска банка Битола.

Заедно со претходните акции кои ги поседувала АЛТА Банка, сега таа е сопственик на над 93 проценти од издадените акции, или поточно 93,2571 отсто од вкупниот број на акции. АЛТА Банка е сопственик на 364.614 обични акции од вкупно 390.977 обични акции издадени од Стопанска банка Битола.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top