Кривично ќе одговараат една фирма и три лица: осомничени дека со малверзации со огревни дрва го оштетиле буџетот на „Национални шуми“ за околу 101 илјада евра!
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б.(21) од Кичево, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, против Б.Б.(45) од село Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ и „употреба на исправа со невистините содржини“, како и против Г.П.(50) од Кичево, вработен во ЈП „Национални шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.