Димитриеска-Кочоска: Борбата против сивата економија се интензивира
Македонија е меѓу земјите во Европа со највисоки стапки на сива економија, што ја чини државната каса речиси 700 милиони годишно евра од неплатени даноци, покажуваат анализите. Над 80 илјади работници работат во неформалниот сектор, најмногу во земјоделството, градежништвото и трговијата. Државата работи на нејзино сузбивање.