Македонија

Апелација ги зголеми казните за 13-те велешани, осудени за силување девојче на возраст под 14 години!

Апелацискиот суд донесе одлука за зголемување на затворските казни на сите 13 осудени лица од Велес за сексуално злоставување на девојче под 14 години. Првичната пресуда беше донесена од Кривичниот суд во ноември 2024 година. Случајот предизвика силни реакции во јавноста поради првично ниските казни и одлуката на судот да дозволи гаранција за првообвинетиот на почетокот на процесот. 

На првообвинетиот Стефан Димовски казната затвор од 5 и пол години му се зголемува на 8 и пол години. Второобвинетиот Дејан Спасиќ кој првично беше осуден на четири години затвор сега доби казна од шест и пол години. Повисоки казни има и кај трето и четврто обвинетите од четири на осум и пол години односно на седум и пол години затвор. Кај останатите осудени казните се движат од 1 до 6 години.

Првообвинетиот Стефан Димовски е во бегство и веќе една недела не е достапен за полицијата. Димовски беше во куќен притвор со претходно понудена гаранција во имот од 70.000 евра (одобрена од Апелација во декември 2023 година). Поради неговата недопстапност, Кривичниот суд му ја замени мерката куќен притвор со ефективен притвор.

На четвртообвинетиот исто така му е одреден ефективен притвор откако бил затечен надвор од својот дом, со што ја прекршил мерката куќен притвор.



Најнови вести од: Македонија

Случајот со “бегалката” – упад во македонскиот правосуден и безбедносен систем.

Со тоа што Бугарија одбива да постапи по потерницата на македонското МВР, како државата членка на ЕУ прави упад во државниот и правниот систем на соседна суверена земја, иако случајот го претстави како „хуманитарен“

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

To top