„Н.М“: Фашизам е обидот на Костадинов и „Преродба“ да го прогласат македонскиот јазик како бугарски!
Лидерот на бугарската радикална десница Преродба, Костадин Костадинов, во бугарското Народно собрание официјално поднесе иницијатива со која бара македонскиот јазик со законски и институционален акт да биде третиран единствено како „бугарски дијалект“. (!?) Ова не е инцидентен настап на Костадинов, туку континуирана платформа на неговата партија Преродба, која преку негирање на македонскиот национален супстрат демонстрира класични фашизоидни елементи, собирајќи евтини политички поени на домашната сцена. Ова се нагласува во политичката анализа со наслов „Анатомија на една фашизоидна провокација“, која ја објави денес весникот „Нова Македонија“.