Македонија

„Н.М“: Фашизам е обидот на Костадинов и „Преродба“ да го прогласат македонскиот јазик како бугарски!

Лидерот на бугарската радикална десница Преродба, Костадин Костадинов, во бугарското Народно собрание официјално поднесе иницијатива со која бара македонскиот јазик со законски и институционален акт да биде третиран единствено како „бугарски дијалект“. (!?) Ова не е инцидентен настап на Костадинов, туку континуирана платформа на неговата партија Преродба, која преку негирање на македонскиот национален супстрат демонстрира класични фашизоидни елементи, собирајќи евтини политички поени на домашната сцена. Ова се нагласува во политичката анализа со наслов „Анатомија на една фашизоидна провокација“, која ја објави денес весникот „Нова Македонија“. 

Натаму весникот пишува:

Обид во Софија со институционални поднесоци да се избрише цел еден народ

Нова провокација од Бугарија, овој пат од највисокиот законодавен дом, парламентот во Софија, повторно го отвора најчувствителното прашање во односите меѓу Македонија и Бугарија, односно правото на македонскиот народ самиот да ги именува и да ги афирмира сопствениот јазик, идентитет и културно наследство. Се работи за тоа дека бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, лидер на Преродба, поднел иницијатива во бугарскиот парламент со која „македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот јазик“. (!?) Пратеникот Костадинов и претходно јавно настапуваше и во повеќе наврати ги повторуваше своите шовинистички тези дека македонските говори се дел од бугарското јазично подрачје и дека „Македонците се Бугари и тие биле и ќе бидат еден ист народ“. (?!)

Ова не е инцидентен настап на Костадинов, туку континуирана платформа на неговата партија Преродба, која преку негирање на македонскиот национален супстрат демонстрира класични фашизоидни елементи, собирајќи евтини политички поени на домашната сцена.

Политичко убивање јазик (лингвицид), што се граничи со фашизам

– Зад оваа иницијатива во Собранието на Бугарија се крие брутален, оголен националшовинизам, кој во својата суштина кокетира со најтемните идеологии на минатиот век. Обидот со декрет и собраниска резолуција да се преименува и деградира јазикот на една суверена нација не е ништо помалку од обид за политички лингвицид. Ваквите ставови директно се граничат со фашизоидни матрици, бидејќи во својата срж имаат цел целосно деноминирање, деперсонализација и бришење на еден посебен народ со автентична историја, култура, посебност и традиција – велат неколку наши соговорници, универзитетски професори на УКИМ од областа на историјата, лингвистиката, правото и политичките науки, со кои телефонски контактиравме веднаш по добиената информација за настанот во бугарското собрание.

Правото на јазик е суверено и неприкосновено право

– Правото на јазик е суверено и неприкосновено право Тоа е втемелено во највисокото перемпторно право (jus cogens) за самоопределување и изјаснување на народите и на индивидуите. Никој, а најмалку политички транзитен шовинист од Софија, нема право да му го одземе прерогативот на македонскиот народ на сопствениот лингвистички и национален идентитет. Македонскиот јазик не е нуспроизвод на административни одлуки, туку жив, кодифициран и меѓународно признаен јазик со сопствен историски развој и дијалектна диференцијација – велат нашите соговорници, професори на УКИМ.

ЕУ како заложник на добрососедскиот цинизам, а Брисел поддржувач?!

Оваа иницијатива е само уште една тешка, непобитна потврда за поразителниот факт, а тоа е дека официјална Софија (или во овој случај нејзиниот парламентарен ешалон) едноставно не ѝ мисли добро на односите со соседна Македонија.

– Приказните за „добрососедство“ и „пријателство“ се претворија во празен и циничен декор зад кој се крие истата стара, фрустрирана желба за асимилација и негирање. Со ваквите деструктивни потези, Бугарија уште еднаш јасно става до знаење дека нејзината крајна цел не е европеизација на регионот, туку блокада на Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Наместо европски вредности што значат почитување на различностите, од Софија повторно се сервираат анахрони уцени што ја минираат стабилноста и ја оддалечуваат Македонија од ЕУ, претворајќи го проширувањето во заложник на историски комплекси и шовинистички аспирации, поентираат професорите на крајот на нашиот кус брифинг поединечно со сите нив, пишува денешна „Нова Македонија“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти. Неговиот став кон Бугарија и бугарската политика бил критичен – тој се остро се спротивставувал на бугарските врховистички мешања во внатрешните работи на македонската револуционерна организација.

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

Стојаноски: Закон да се претворат во редовен работен однос на неопределено време договорите на луѓето, кои работат чесно со години

Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го претстави Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос.

По 20 години нова биста на народниот херој Стив Наумов пред студентскиот дом во Скопје, кој го носи неговото име

Еден месец по отворањето на темелно реновираните објекти, во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда поставена е и биста на народниот херој по кого е именуван домот, речиси две децении откога е украдена претходната. Бистата официјално беше откриена денеска во присуство на претставници од Сојузот на борци од НОВ, кои положија цвеќе пред споменикот на Стефан Стив Наумов (1920 – 1942), роден на денешен ден пред 106 години.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

Најнови вести

To top