Тема: магла

Покрај во авионскиот, маглата прави проблеми и во патниот сообраќај

Од УХМР најавуваат дека маглата ќе се задржи по котлините до крајот на денот, а појава на магла се очекува и утре и задутре. Кон крајот на утрешниот ден и во наредните денови, под влијание на влажни воздушни бранови, ќе има повремени локални врнежи од дожд, на места пообилни, додека на планините и повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

Важно: Аеродромот во Скопје е отворен, но поради ниска видливост – откажани и пренасочени летови

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје има пет откажани, два пренасочени и шест летови со доцнење. Од 12 часот временските услови се подобрени, така што три лета пристигнаа, еден полета, а три лета се спремни да полетаат, информираат од ТАВ Македонија.

Задржувања до 40 минути на Табановце и Дојран: Утрински метеж на границите, магла на превоите

Утринскиот сообраќај низ Македонија денеска е умерен, но со забележителни застои на клучните гранични премини „Дојран“ и „Табановце“, каде што зголемената фреквенција на возила предизвикува колони и забавување на патувањата.

To top