Тема: Македонците

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

Маченичката смрт на Елпида Караманди на 3.5.1942: за да ги заплашат Македонците, бугарските фашисти ја влечеа врзана за запрежна кола низ Битолско

На денешен ден, на 3 мај се навршуваат 83 години од маченичката смрт на Елпида Караманди, народната хероина на Македонија, која бугарскиот фашистички окупатор тешко ја ранил и ја фатил во борбата со Битолскиот партизански одред на 3 мај 1942 година. Таа била сосема немоќна да изврши самоубиство. Била подложена на тешки мачења. Потоа, за […]

To top