Тема: македонски народ и јазик

Татарчев: Македонија не е само територија, или политичка цел, туку и должност и вечна идеја на македонскиот народ!

„За Татарчев, Македонија не е само територија или политичка цел. Таа е духовна категорија. Таа е светилиште на колективната меморија, поврзана со јазикот, родот, верата и моштите на предците. Со оваа формулација тој ја издигнува Македонија над дневната политика и ја поставува во сферата на историската и националната светост.“ – се нагласува во статијата со наслов „Македонија како култ, должност и вечна идеја“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Лант, водечкиот светски македонист и автор на македонската граматика од 1952, ја „бетонира“ вистината за самобитноста на македонскиот јазик и народ!

Уште пред седум децении американскиот македонист Хорас Лант целосно ги поби сите негаторски тези дека некој го „измислил македонскиот јазик во 1944/1945 година“ по своја „милост“, како што „трубат“ Бугарите денес низ Европа. Во текот на својот научен престој во Македонија и врз основа на систематската анализа на фонологијата, морфологијата и синтаксата на македонскиот јазик Лант потоа ја пишува својата знаменита „Граматика на македонскиот книжевен јазик („A Grammar of the Macedonian Literary Language“), која е објавена во Скопје во 1952 година. Ова дело претставува прва целосна научна граматика на современиот македонски литературен јазик, напишана според западни лингвистички стандарди и наменета за меѓународната научна јавност. Оваа граматика го разгоре гневот на бугарските националисти, кои го сметаа македонскиот јазик како „западен дијалект на бугарскиот јазик“. Лант почина на 11 август 2010 година. Денешното навршување на 16-тата годишнина од неговата смрт е соодветна пригода за должно осврнување кон неговото македонистичко дело, кое е од исклучително значење за македонскиот народ.

To top