ММФ со позитивна оценка за македонската економија – раст, стабилност и намален долг
ММФ оценува дека финансискиот систем и натаму е стабилен, а банкарскиот сектор е добро капитализиран и високо ликвиден. Според извештајот, стапката на адекватност на капиталот изнесува 19,4%, значително над регулаторните барања, додека учеството на нефункционалните кредити е намалено на историски најниското ниво од 1,9%. Ликвидноста и профитабилноста на банкарскиот систем и натаму се силни, со што дополнително се потврдува неговата отпорност.