Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар во Маџир Маало доби нов лик! Инвестираме во спортот, во здрави млади генерации, во иднината!
Кејот на Вардар кај Маџир Маало, во Скопје, доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните. Денеска официјално беа пуштени во употреба реконструираните спортски терени, при што се обновени игралиштата за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и заштитна ограда. Проектот претставува дел од пошироката стратегија за уредување и оживување на кејот на Вардар, заради создавање функционален и модерен јавен простор достапен за сите генерации.